Започна да тече двомесечниот рок (до 29. ноември) за пријавување по јавниот повик за доставување барања за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2007 - 2013. Вториот оглас што го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е наменет за кофинансирање на проекти за подобрување на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ. Планираните финансиски средства за спроведување на овој јавен повик изнесуваат 40.028.365 евра од кои 75 отсто се придонеси од ЕУ, а 25 отсто од државниот буџет. Тие се кумулативни и го опфаќаат финансискиот период 2008-2010 година. Bо владина процедура е предлогот за измена на Законот за земјоделско земјиште со кој ќе се надминат проблемите во делот на имплементацијата на ИПАРД Програмата 2007-2013.
Започна да тече двомесечниот рок (до 29. ноември) за пријавување по јавниот повик за доставување барања за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2007 - 2013.
Вториот оглас што го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е наменет за кофинансирање на проекти за подобрување на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ.
- Планираните финансиски средства за спроведување на овој јавен повик изнесуваат 40.028.365 евра од кои 75 отсто се придонеси од ЕУ, а 25 отсто од државниот буџет. Тие се кумулативни и го опфаќаат финансискиот период 2008-2010 година - рече директорот на Агенцијата, Тони Димовски кој посочи дека потребните обрасци за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации, во електронска верзија може да се преземат на веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.
Директорот на Агенцијата нагласи дека во владина процедура е предлогот за измена на Законот за земјоделско земјиште со кој ќе се надминат проблемите во делот на имплементацијата на ИПАРД Програмата 2007-2013.
На првиот оглас објавен лани во декември, беа понудени 24 милиони евра. На него беа поднесени 133 барања, а беа потпишани 27 за одобрување на средства. Вкупниот износ за кој се склучија договори изнесува 2.028.687 евра со што се потпишаа договори за кофинансирање во рамките на буџетот за 2007 година од Програмата.